Техничар за кабловска техника
Работни задачи и активности
· Работа со мерна кола за испитување на сите видови кабли;
· Испитување на плашт на новоположен Високо Напонски (ВН) и Средно Напонски (СН) кабел;
· Монтажа на 35, 20,10 и 6 [kV] кабелски завршници и спојници;
· Отстранување на дефекти на висконапонска и среднонапонска кабелска мрежа, работа на нова ВН и СН кабелска мрежа и приклучоци;
· Редовни годишни инспекциии / ревизии на 35, 20, 10 и 6 [kV] кабелски завршници во големи трафостаници и поправка по основ на утврдените забелешки (преработка на кабелски завршници, долевање на масло итн.);
· За потреби на Корисничко Енергетски Центар, дава поддршка во техничкото решение околу ископи потребни за поправка на дефект или нов кабелски приклучок согласно проектот.
Потребни квалификации
· Средно електротехничко образование,
· Познавање и користење на MS Office,
· Работно искуство минимум 2 години,
· Организациски способности, комуникација, спроведување задачи во кратки рокови.
- Дивизија
- Електродистрибуција Дооел
- Оддел
- NH
- Улога
- Техничар за кабловска техника