Идни Генерации во Електроенергетика
Што нудиме:
Договор за вработување на една година, со можност за продолжување на договорот.
Менторски систем, директно вклучување во работиниот процес и специјализирани обуки од долгогодишни експерти во областа.
Вашите задачи ќе ги извршувате во нашите Кориснички Енерго Центри низ државата со ротации во Централни технички оддели:
Мрежен инженеринг
Управување со мрежа
Високонапонски постројки
Мерење на мрежа
Мрежна дигитализација каде ќе ве обучиме и подготвиме за идните предизвици.
Програмата трае 12 месеци и вклучува периодични ротации.
Преку работа на проектите ќе имате можност да учите и да ги развивате вашите потенцијали.
Потребни компетенции: Кои кандидати ги бараме ?
Апсолвенти/ки или штотуку дипломирани инженери/ки од сите технички факултети (предност имаат кандидатите од насоката Електротехника).
Од нашите идни колеги/шки очекуваме:
Отвореност и посветеност
Дисциплинираност и конструктивен пристап
Способност за прилагодување на различни ситуации и средини
Подготвеност за работа во различни градови во државата.
- Дивизија
- Електродистрибуција Дооел