СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕЛЕЈНА ЗАШТИТА И ПОГОНСКИ МЕРЕЊА (М/Ж)
Работни задачи:
· Врши испитувања пред пуштање во погон на нови системи за релејна заштита, командно сигнални кола, системи за автоматска регулација на напон и AC и DC развод,
· Учествува во изготвување на планови и извршува редовни периодични испитувања на системи за релејна заштита и командно сигнални кола,
· Анализа на погонски настани и работа на системи за заштита; Прибавува документација и податоци потребни за сетирaње на релеи и правилна работа на системот за релејна заштита,
· Води евиденција на вградени уреди во системите за релејна заштита, изготвува и архивира записници од извршени редовни и вонредни испитувања,
· Врши отклонување на недостатоци и дефекти, врши замена и поправки на елементи од системите за релејна заштита, командно сигнални кола, AC и DC развод,
· Врши ожичување на новопоставена или заменета опрема од системите за релејна заштита, секундарни струјни и напонски кругови и сигнализација,
· Учествува во подготвка и реализација на концепти, технички и тендерски спецификации потребни за проекти од инвестициона програма и проекти за ревитализација на ЕЕО,
· Врши погонски мерења во ЕЕО – громобранска инсталација и заземјување, напон на допир и чекор.
Потребни компетенции
· VI-VII степен, Електротехничко образование;
· Работно искуство 2 години
· Познавање и користење на MS Office, англиски јазик;
· Организациски способности, комуникација;
· Познавање на законодавство од областа, како и од безбедност и заштита при работа.
- Дивизија
- Електродистрибуција Дооел
- Оддел
- NH
- Улога
- Специјалист за релеј.зашт. и пог.мерења
- Локации
- ЕВН Бутел