Сметководител
Опис на работните задачи
· Одговорен за точно и навремено евидентирање на сметководствена документација;
· Навремено изготвување и достава на финасиски и останати извештаи, координација со: оддел/КЕЦ, внатрешна и надворешна ревизија, даночни служби и останати надворешни институции, сеопфатна примена на сметководствените стандарди и законска регулатива
· Следење и имплементирање на поставените процедури и насоки за точно одржување на финансиските и сметководствени податоци на компанијата како и нејзините трансакции
· Изведување на посложени сметководствени активности во согласност со сметководствените принципи и стандарди за контрола дека истите соодветствуваат со релевантните регулативи, закони и барања за извештаи (сметки за плаќање, побарување и обврски, приходи и расходи, средства и инвестиции, финансиска анализа и извештаи)
· Проверка на билансирање, спроведување на билансна политика
· Подготовка и пресметки на провизии, резервации, амортизација, пресметки во врска со средства и инвестиции, камати и сл.
· Подготовка на завршна сметка, финансиски извештаи, и други извештаи поврзани со делокругот на работење на групата.
· Одржување на базата на податоци: контен план , одржување на извештаи, база на добаувачи, база на купувачи, жиро сметки и база на основни средства
Потребни квалификации
· Економски факултет – насока сметководство
· Најмалку 3 години искуство во областа
· Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
· Одговорност и доверливост
· Одлични комуникациски и организациски вештини
· Подготвеност за тимска работа
· Предност ќе имаат кандидатите кои имаат сертификат за овластен сметководител и претходно искуство во SAP системот.
- Локации
- ЕВН Дирекција