Електродистрибуција Дооел
·
NH
·
ЕВН Дирекција
·
Хибрид
Специјалист за одржување и трафо менаџмент (М/Ж)
Работни задачи и активности :
- Водење, организирање и координирање на активности поврзани со планирање (дневно, неделно, месечно и годишно) на сервисирање, испитување и други активности на примарна опрема;
- Анализа на дефекти, одржување и реконструкција на опрема во трафостаници;
- Организирање на работата во трафо работилница (прием и контрола на испорачани трансформатори, складирање во магацин и изработка на пропратна документација организирање на испораката на трансформатори за потребите на КЕЦ-овите изработка и контрола на документација за подигање на трансформатори);
- Изработка на технички спецификации за потребни резервни делови и опрема за сервисирање и одржување и техничка евалуација на пристигнатите понуди;
- Собирање податоци и правење анализи од извештаи за недостатоци во големи ТС и соодветна дистрибуција до засегнати групи во Одделот, други Оддели и КЕЦ-ови;
- Пратење на технички правилници и препораки и стандарди во врска со тековната проблематика;
- Планирање на обуки за вработените;
- Планирање на мерките за заштита при работа, безбедноста на опремата и заштитата на животната средина;
- Надзор на примената на опремата за заштита при работа, заштитата на животната средина;
- Соработка со техничкиот инспекторат, одговори на извештаите од техничкиот инспекторат.
Потребни квалификации :
- Електротехнички факултет
- Познавање и користење на MS Office
- Организациски способности, комуникација, спроведување задачи во кратки рокови.
- Работно искуство од минимум 2 години
- Дивизија
- Електродистрибуција Дооел
- Оддел
- NH
- Улога
- Специјалист за одржување и трафо менаџ.
- Локации
- ЕВН Дирекција
- Далечински статус
- Хибрид