Лабораторијата за проверка на броила
Лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција целосно ги исполнува меѓународните стандарди
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска ја посети нашата лабораторија за проверка на броила, при која функционира Телото за инспекција на броила на Електродистрибуција. Ова тело ја проверува исправноста на броилата по барање на корисниците, врши нивна редовна и вонредна проверка, метролошка контрола на квалитетот, како и инспекција на исправноста на броилата(А-тест) со цел да се обезбеди точност, сигурност и доверливост при мерењето на потрошената електрична енергија.
Пред министерката и директорот на Бирото за метрологија, г-дин Седад Рушани, нашите колеги ги претставија современата технологија што се користи во процесот на испитување на броилата, како и стручниот тим кој секојдневно обезбедува точност, сигурност и транспарентност во мерењето на потрошената електрична енергија. Министерката посочи дека континуираното вложување во модерни лаборатории, сертифицирана опрема и професионален кадар претставува клучен сегмент за фер однос и транспарентност во енергетскиот систем.
Прецизноста и кредибилитетот на ваквите тела се клучни за довербата кај корисниците, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошената енергија.
Како компанија посветени сме кон постојано вложување во технологија и обука на нашиот тим, за да обезбедиме највисоко ниво на точност и објективност при проверките на броилата.